});

Тахири: Албанските граници се дури до Ниш

Поранешната косовска министерка Едита Тахири, која ја предводеше делегацијата на Косово во дијалогот со Србија, за тиранската телевизија „Ора њуз“ изјави дека е против идејата на претседателот Хашим Тачи за размена на територии со Србија. Сепак доколку тоа се случи, според неа, тогаш „албанските граници се дури до Ниш“. Доколку се отвори темата за границите на Балканот, посочува Тахири, Албанците се поготвени, и како што рече, нема да се дозволи работите само делумно да се завршат и Албанците од Македонија и Црна Гора да останат надвор од границите.
– Размената на територии или било која поделба не е опција и треба да се отфрли бидејќи тие носат војни. Не може да има промена на граници во Косово или на Балканот во други форми освен со војна. Косово е независна и суверена држава и ова прашање е завршено и покрај тоа што Србија живее со хегемонистички илузии, истакна Тахири.
Таа посочува дека Косово и сите Албанци во пресуден момент се единствени.
– Ние, Косово и Албанците во време на големи одлуки не се караме, туку сме единствени. Отсекогаш сме го наоѓале патот. Претседателот излезе со предлог кого целосно го отфрли целокупниот политички спектар. Во дијалогот со Србија, во вакви случаи, разговорите се прават со делегации како што беше во Рамбује, во Виена, додаде Тахири.