});

Судот изрече мерка за претпазливост на Јакимовски

Одземени патни исправи и редовно јавување во судот се мерките кои ги изрече судот за екс градоначалникот на општина Карпош и уште 4 други лица кои работеле во општината. Судот позитивно одговори на предлогот на обвинителството и затоа ги усвои мерките на претпазливост.  Адвокатот на лидерот на ГРОМ, Виктор Цветковски вели дека не се противеле на одлуката за таквите мерки и одбраната со аргументи ќе ја докаже правдината.

Јакимовски, по излегувањето од  судот , го повтори на ставот дека се работи за политички монтиран случај и се прави со цел да се дефокусира јавноста.  Тој негираше дека имало злоупотребување на службената положба за што се сомничат  и се заблагодари на полицијата, финансиската и судската полиција, како и на бирото за јавна безбедност за коректниот однос.

Според Јакимовски ова е поврзано со три тендери, од кои два за општинската барака и една за плоштадот во Жданец, односно тоа што општината не ги активирала банкарските гаранции, иако ангажираната фирма не ги исполнила одредбите од договорот и договорот бил раскинат. Првиот човек на ГРОМ, истакна дека и во двата случаи ,тоа нема никаква врска со него како градоначалник.

Вчера финансиската полиција повеќе од четри часа вршеше претрес во домот на Јакимовски, а биле посетени и домовите на неговите деца. По претресот Јакимовски беше во финансиската полиција каде го задржаа скоро два часа, а веднаш потоа беше префрлен во полициска станица.

Од ГРОМ потенцираа дека и покрај ваквиот спроед нив монтиран случај, ставот на ГРОМ околу референдумот е јасен, односно тие остануваат да го бојкотираат референдумот  и покрај тоа што сметаат дека овој случај е наменет токму за нивно заплашување.

 

Мери Ѓорѓиевска