});

Справете се со колегите кои озборуваат!

Во секоја работна организација мора да има по некој вработен кој знае сè и неговата омилена активност е озборувањето. Таквата личност ги знае сите детали од животот на колегите, како го поминуваат слободното време, со кого спијат и кој број на облека носат. Знаеме дека таквите личности секогаш газат на нерви, но, има начини да се справите со нив.

Не паѓајте на провокации

Личностите кои сакаат да озборуваат постојано се во потрага по материјал за добар трач. Често се случува да ве испровоцираат за ситници само за да ве видат нервозни и да си направат приказна од тоа. Затоа, кога ќе почнат да провоцираат правете се дека не ги слушате.

Не споделувајте детали од приватниот живот

Одделете го приватниот живот од професионалнот. Не смеете да ги мешате. Деталите од вашиот приватен живот, проблемите кои ги имате, луѓето со кои се дружите, местата на кои излегувате не мора ги откривате пред вашите колеги. Така, озборувачите ќе немаат трач муабети за вас.

Сведете го дружењето на минимум

Не мора да бидете пријатели со колегите и во тоа нема ништо страшно. Не мора да излегувате со нив на кафе после работа или за викенди. Одете само на настани и колегијални собирања на кои вашето присуство е задолжително. Запомнете, колку повеќе време минувате со колегите кои озборуваат толку поголеми се шансите дека ќе ви се испушти нешто што веќе идниот ден ќе биде тема на муабет во фирмата.

Игнорирајте ги!

Доколку навистина се неподносливи и не прават ништо корисно, игнорирајте ги оние колеги кои озборуваат, особено доколку процесот на вашата работа не зависи од нив. Ставете си слушалки на уши, пуштете си добра музика и посветете се на вашите обврски наместо на нивните трач-муабети.