});

Скандали еден куп – владините функционери не чувствуваат одговорност

По низата скандали за распределба милионски тендери, министрите во владата на Заев се уште не чувствуваат одговорност за распределбата на парите и донациите меѓусебе. Откако изби аферата со грантот што вицепремиерката Радмила Шеќеринска го доделила на министерот Зоран Шапуриќ, тој беше тргнат од веб сајтот на здружението „Мултикултура“ од Тетово каде фигурираше како член на управниот одбор. Но не само меѓусебната распределба на грантови, министерката Шеќеринска вели немало ништо спорно ниту во набавката од 3 милиони 700 илјади денари за торти и свежи колачи за армијата.

Брзо по стапувањето на функција Шеќеринска распиша и тендер за набавка на морски плодови вреден околу 5 милиони денари, а потоа и тендер за апетисани во износ од 5000 евра. Опозицијата побара одговорност од Шеќеринска за злоупотреба на службена положба за набавка на како што велат криминални набавки, сомнителни тендери и доделени грантови по партиски клуч.

Низа скандали за само десетина дена го тресат владиниот кабинет и високи државни функционери –  тендери распишани од власта, а финансирани од џебот на граѓаните. Дури и откако во јавноста се обелодени и скандалот со тендерот за набавка на реагенси на министерството за здравство во кое директно беше повикан и министерот Филипче, тој се правда со административни недостатоци. Случајот со полицискиот џип е последен во низата скандали, но одговорност се уште нема. Распределбата на тендерите преку Фондот на иновации дополнително ја рагореа јавноста, па по неколкудневен молк министерите излегуваат со информација дека постапките ке бидат стопирани.

И по бројните скабдали кои го тресат неговиот кабинет премиерот Заев не размислува за замена на кадрите, стравувајќи дека ќе немало да најде соодветна нивна замена.

Ивана Соколовиќ Најдова