});

Русија им понуди на САД да соработуваат за Сирија

Руското Министерство за одбрана соопшти дека предложило на САД да соработуваат за Сирија, во однос на прашањата за бегалците и деминирањето. Руското Министерство испратило писмо со таков предлог до највисоките американски воени служби..

Предлозите за бегалците се однесуваат на бегалскиот камп во Рукбан.

Во писмото, шефот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов наведува дека неговата земја е подготвена да разговара со Владата во Дамаск за давање безбедносни гаранции за бегалците блокирани во Рукбан, како и создавање на услови за враќање во нивните домови.

Рукбан е на 55 километри внатре во зоната за деескалација, формирана од САД за да се осигура безбедноста на гарнизонот крај ирачко-сириската граница.

„Предложена е и координација на хуманитарното деминирање, вклучувајќи ја и Рака, како и други приоритетни прашања од хуманитарната сфера”, соопшти руското Министерство за одбрана.