});

Рејтингот на СДСМ допрва ќе паѓа

Враќање на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ, изедначување со СДСМ – покажуваат процентите измерени во последната анкета на Меѓународниот центар за меѓуетничка соработка. За кусо време, власта стагнира во довербата што ја имаше кај граѓаните додека најголемата опозиција бележи драстичен раст на рејтингот. Реализаторите на испитувањето причината ја гледаат во преспанскиот договор.

Кржаловски смета дека може да се очекува тренд на намалување на рејтингот на партијата што ја води премиерот дополнително, после скандалите со грантово-тендерската шема на функционерите и гафовите како последниот на директорот на БЈБ Велковски. Сегашните резултати ги аргументира со тајмингот на спроведување на анкетата – тој завршил пред скандалите да избијат. Новото мерење може да биде уште поразочарувачки за СДСМ.
За аналитичарите, стагнацијата на довербата во власта, се случува заради нивните преголеми ветувања уште пред парламентарните и пред локалните избори, а минимум исполнувања.

Скокот на опозицијата од анкетата во мај до оваа е 3,4 проценти. Кај етничките Македонци ВМРО ДПМНЕ со 31,2 проценти гласачи кои би ги поддржале ако утре има избори- доминира над СДСМ со 28,3 отсто.

Искра Коровешовска