});

Пчеларите конечно задоволни – годинава ќе има мед

Врнежите го намалија квалитетот на пченицицата, но ги зголемија приносите на пчеларите во кочанско. По десетина катастрофални години, конечно се задволни од она што го извадија од сандаците. Ако лани имаа максимум пет до седум килограми од кошница,  сега ќе соберат тројно повеќе мед.

И додека пчеларите од Кочанско тријат раце, пчеларите од Штипско велат дека приносите им се пониски  за 50% во однос на просечните години.  Очекуваат состојбата да се подобри откако пчелите на паша ке се префрлат во повисоките делови. Но повеќе мед, нема да значи и пониска цена.

Пчеларите се жалат дека цената им ја урива  увозниот мед  што во себе содржи повеке додатоци од гликоза. Алармираат инспекциите да излезат на терен и да го испитат квалитетот и потеклото на производот кој се продава за само 190 денари.

 

Александра Ристевска