});

Пукотници во Приштина – еден повреден

Едно лице е повредено во пукотници во близина на Техничкото училиште во Приштина, јавува РТК.

Според портпаролот на косовската полиција , Аргон Боровци , повреденото лице е пренесено во болница. Тој го потврди инцидентот без дополнителни детали за напаѓачите.

,, Пукањето се случи околу 13 часот . Едно лице е погодено од огнено оружје и е пренесена на Универзитетскиот клинички центар во Приштина.”, изјави Боровци. Полицијата веднаш излегла на местото и истрагата е во тек.