});

Протест во Охрид – се бара мораториум за градежните активности

Невладините граѓанските здруженија на протест, бараат итно да се прогласи мораториум на градежни активности на територија на Општина Охрид додека не се донесат соодветни плански документи врз основа на стратегија за одржлив развој.Истакнаа транспарент пред општинската зграда,предочувајќи им на гратските советници дека им е доста од изговори.Тие се обратија до општинатата и со официјално барање.

Прогласувањето мораториум е обврзувачка препорака од Унеско и услов да не бидеме преместени на Листата на светско наследство во опасност – еден чекор до целосно бришење од листата на УНЕСКО.

Градоначалникот Стојаноски вели дека одлука за мораториум не може да донесе општина Охрид.

Невладините бараат од премиерот да ја повлечете изјавата која ја даде на седницата за пратенички прашања –оти како што велат, е произволно и неодговорно толкување на обврзувачите унескови препораки.

На ниедно место ниту во извештајот од Реактивната мисија, ниту во одлуката од 41та седница на Комитетот за светско наследство не постои формулација „мораториум за мегаломански проекти“. Напротив, формулацијата гласи:да се вoспoстави мoратoриум на сите крајбрежни и урбани трансформации на пoдрачјетo на светскoтo наследствo и да се вoспoстават ефективни механизми за кoнтрoла.

Охрид СОС не е против развој, но е против непланска урбанизација под диригентската палка на урбаната мафија во спрега со корумпираните политичари-стои на фејсбук страната на ова граѓанско здружение.За  вторник на 31-ви јули невладините подготвуваат голем уметнички протестен манифест.

 

Росица Голабоска