});

Понеделник клучен за референдумот – експерти алармираат за правна зона на самракот

Опозицијата не отстапува од ставот референдумското прашање да биде еднозначно, без да ги збунува граѓаните и покрај притисоците на власта народот да се изјаснува со трите компоненти – ЕУ; НАТО и договорот со Грција. Вез никакви поместувања од последната лидерска средба, ВМРО-ДПМНЕ не попушта ниту пред роковоите кои ги поставува премиерот Заев – референдумот да се распише до 30-ти јули, а да се оддржи на 30-ти септември. Во понеделник е закажана и свечената заклетва на новиот состав на ДИК, која треба да го спроведе референдумот.

Ќе го спроведе ли спикерот Талат Џафери до понеделник сценариото кое го најави пред една недела – Законот за ратификација на Договорот со Грција и оној за јазиците да ги испрати во Службен весник пред да го распише референдумот за името. Најавите дека во понеделник ќе биде и распишан референдумот, отвора сомнеж дека владејачкото мнозинство набрзина ќе ја заврши целата процедура, макар и на противење на опозицијата.

-Необјавувањето на законот за ратификација е една од пречките за референдумот. Ако законот не влегол во сила како тогаш, која е смислата на оддржување на референдумот. Логично би било законот да се испрати во Службен весник пред да се распише  на одлуката, затоа што би било предмет на референдумот, вели Џафери во неодамнешното интервју за МИА.

Експертите по уставно право правејќи една компарација на моменталната ситуација во Македонија велат дека влегуваме во правна зона на самракот. Децидни се дека не постои правна основа да биде распишан референдум за договор кој не е ратификуван, односно процесот се уште трае.

Според познавачите, тоа ќе значи дека потписот на претседателот Иванов на указот за ратификација на спогодбата со Грција повторно ќе биде заобиколен  , која пак е предмет и за изјаснувањето на граѓаните.

Ивана Соколовиќ Најдова