});

Петре Шилегов со временска машина против комарците

Со видео од 8 Јули, Град Скопје се пофали дека утрово е прскано против комарци.

По вчерашниот коментар на еден од гласноговорниците на Град Скопје, Ваљон Салиху, дека скопјани се збуниле оти не е прскано против комарци, како и дека истото било нечујно поради „добрите“ авиони кои не бучат, па граѓаните не ги чуле, од управата на градот почувствуваа потреба да објават старо видео, како доказ дека, над главниот град и утрово летале авиони.

-Утрово почна третото продолжено и засилено прскање против комарци во Скопје. заради зголемените врнежи во изминатиот период се создаде поволна клима за брзо размножување на комарците, па Град Скопје одлучи третото прскање наместо два дена да трае 4 дена со што се зголемува интензитетот на заштита, се наведува во соопштението.

Потоа, од град Скопје се извинија за направената грешка, а објавата на денешното прскање ја најавија за утре.

Гневни поради наездата на комарци, скопјани на социјалните мрежи, преку шеги на сметка на градоначалникот Петре Шилегов, го искажуваат својот бес за огромното присуство на инсекти во главниот град.

 

 

Проблемот со комарците постои, бидејќи навреме не се изврши ларвицидна дезинсекција. Истата се спроведе во јуни, наместо во март, а како образложение за доцнење со прскањето, од управата на градот, освен лошите временски услови, ги наведоа и заглавените тендерски процедури, поради сомнение дека набавените препарати се штетни за граѓаните.

Сања Трајковска Ставров