});

Охрид безмилосно се бетонира-препораките од УНЕСКО попусти

Наспроти препораките на УНЕСКО, продолжуваат плановите за бетонизација на охридскиот регион – на повидок е изградба на нов туристички комплекс од 40 хектари од дискотеката Парк до Горица 3.

Владата и Собранието дрско го игнорираат барањето на УНЕСКО за мораториум и без срам го водат охридскиот регион кон упропастување. Неплански никнуваат нови градби и продолжуваат плановите за девастирачка урбанизација на Охрид-силно протестираат граѓанските здруженија. За новиот туристички комплекс кој ќе никне кај Горица се одржа јавна расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина,по што следуваа жолчни реакции на екологистите.

„За жал проектантот не знае што ќе се гради, нити изготвувачот на студијата за влијание врз животна средина. Проектантот не знае дека колекторскиот систем не функционира, проектантот не знае со колкава катност ќе бидат објектите. Значи само е заокружена таа површина на Google maps и ова ќе биде парцела на која ќе се одвиваат градежни активности“ – вели Трајче Талевски – Охрид СОС.

Ме загрижува-вели Талевски, незаинтересираноста на охриѓани да се спречи ваквото уништување на крајбрежјето и на целиов град.Никој не реагира едноставно се молчи, а ситуацијата е многу сериозна.

„Во Собрание на општина присутни 4-ца од Охрид СОС ,од граѓани заинтересирани лица, никој. Значи се носи урбанистички план за делот од Горица до патот за Свет Наум од хотел Парк се до хотел Сахара,нема никој заинтересиран. Што ќе се гради, како ќе се гради, кој ќе гради, никој ништо не знае .Тоа е она најлошото што му се случува на Охрид“ – рече Трајче Талевски – Охрид СОС.

Од граѓанискте здруженија уште еднаш испратија предупредување до локалната и централната власт, дека вака повеќе не може да се раководи и да се управува со Охрид и крајбрежјето.Македонија 25 години е членка на Унеско. Што Националната комисија за УНЕСКО навистина направи за охридскиот регион во овие 25 години?

Додека земаа државни плати и седеа во удобните фотелји во Скопје,на терен, оваа комисија не направи ништо за спречување на засилената урбанизација. Никакви реакции на узурпацијата, нелегалните градби на самиот брег, и несоодветните градби и во старото градско јадро и надвор од него-стои меѓудругото на фејсбук страна на Охрид SOS, нарекувајќи ја комисијата ,,заспана убавица,, која не ги искористи своите ингеренции за охридскиот регион.

Росица Голабоска