});

ОМД бараат поништување на Резолуцијата 602 на Сенатот

Обединетата Македонска Дијаспора е против Резолуцијата 602 на Сенатот и бара нејзино поништување. Во резолуцијата се дава поддршка на договорот меѓу Заев и Ципрас, и се поздравува договорот со Грција за промена на името на Македонија како услов за членство во ЕУ и НАТО. За ОМД ,Резолуцијата е навредлива за македонскиот народ и спротивна на долгогодишните принципи и политики на САД во поддршка на националното право на самоопределување. Па затоа тие ги повикуваат сите македонски Американци и сите пријатели на Македонија да испратат писмо до нивните сенатори со барање за поништување на Резолуцијата 602.

Во Резолуцијата 602 се тврди дека промената на името на државата би овозможило Македонија да стане земја-членка на НАТО и ЕУ, што всушност не е загарантирано со договорот. Ако Македонија го промени своето име, договорот не нуди гаранција за полноправно членство во НАТО. Успешноста на договорот не само што зависи од успешноста на референдумот во Македонија и спроведување на уставните промени во земјата, туку и од успешната ратификација во грчкиот Парламент и ратификацијата од страна на сите членки на НАТО, велат од ОМД.

Според Резолуцијата 602 на Сенатот секој опонент на договорот е проруски активист, вели за Алфа ,Коловски кој смета таквите ставови се апсурдни.

Првиот човек на ОМД вели дека резолуција 602 е штетна за американскиот углед.

„Ако биде ратификуван, договорот ќе и го отвори патот на „Република Северна Македонија“ да се приклучи во НАТО и ЕУ, ќе ја острани ранливоста во Западен Балкан и ќе ја намали можностите за руско мешање. Русија се обидува да ја поддржи опозицијата за поткопување на договорот, на што Грција одговори со протерување четворица руски дипломати“, се наведува во резолуцијата.

САД ја призна Република Македонија под  уставното име заедно со 137 други земји. Поддршката изразена преку Резолуцијата 602 за референдумот и уставните амандмани е спротивна на долгогодишните надворешни политики на САД градени на основ на правото за самоопределување, велат од здружението.

 

Мери Ѓорѓиевска