});

Нов трејлер за „Bohemian Rhapsody“

Уште еден доказ дека Рами Малек е идеален актер кој успешно ја доловува улогата на легендарниот вокал на Queen Фреди Меркјури, е вториот трејлер на филмот „Bohemian Rhapsody“ во режија на Брајан Сингер.

Филмот презентира делови од биографијата на Фреди и неговото приклучување во бендот што ќе стане еден од најлегендарните во светот на музиката на сите времиња.

Трејлерот ни презентира алузија од интимниот живот на Фреди и неговата сексуална определеност. Најпрво, инсертите не запознаваат со неговата прва девојка Мери Остин, а потоа и со мажите со кои бил емотивно инволвиран – и истите не водат до неизбежен заклучок за неговата смрт која се поврзува со неговото заболување од СИДА, во 1991.

Во „Bohemian Rhapsody“ играат и Луси Бојнтон, Гвилим Ли, Бен Харди, Џозеф Мацело, Аидан Гилен, Том Холандер и Мајк Маерс. Премиерата на филмот е закажана на 2 ноември.