});

Нови жртви на измами со поевтино огревно дрво

Нови жртви на очигледно разработена шема со огревни дрва. Жртви овој пат се жители на скопски Аеродром и Велес. 63 годишна жителка на Скопската населба пријавила дека на 1 август околу 12 часот на булеварот „Трета македонска бригада“ непознат сторител ја измамил за 14.000 денари.

Додека истоварал огревни дрва кај нејзин сосед, измамникот и понудил дрва за цена од 2.800 денари. Таа се согласила да и се донесат пет кубика и му дала 14.000 денари, а сторителот откако ги зел парите рекол дека ќе оди да го донесе камионот, но не се вратил.На сличен начин вчера бил измамен и 67-годишниот од Велес кој случајот го пријавил во Полиција