});

Непотизмот при вработувањата во Прилеп зема се поголем замав

„Директорот на прилепски „Комуналец“ не ги исполнува условите за да биде директор на ова јавно претпријатие“ – обвинија денеска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп. Според нив, поставувањето на актуелниот директор Звонко Јованоски за прв човек на Комуналното претпријатие, со вишо образование и без законски предвиденото потребно работно искуство, што се случи веднаш по преземањето на власта, всушност било само едно камче од мозаикот за веќе востановената практика на сегашната власт, спротивно на Законот, а по патриски клуч, на челни позиции да се ставаат несоодветни кадри.

Ова не е единствен случај во Прилеп на челни или на други поважни позиции да се ставаат несоодветни кадри, кои или се блиски роднини на локалните функционери од власта, или се видни активисти и членови на СДСМ, велат од прилепскиот Општински комитет. Оттаму побараа, овој, како и бројните други случаи, најитно да ги истражи ОЈО и доколку утврди непочитување на законите и можна злоупотреба при изборот, кривична одговорност да понесат и именуваниот директор и градоначалникот на Прилеп.

Каролина Дурло