});

На Итната медицинска помош ѝ е потребна помош

Мизерни услови за работа, дотраени возила, дежурства без крај, со 5 екипи во смена, а минумум 120 повици дневно . На овој начин функционира скопската Брза Помош, на која ѝ недостига и медицински персонал.

Вработените, кои се плашат јавно да говорат за потешкотиите со кои секојдневно се соочуваат, за Алфа коментираат дека поради недоволно одржување на возилата не можат навреме да стигнат за да спасат нечиј живот, оти возилата некогаш ги оставаат на пат, па се случува дури и пеш да се обидат да стигнат до местото на кое се повикани.

Министерот Филипче на последната средба со новинарите призна дека има недостаток на персонал, но и на возила во Итната медицинска помош, па најави дека со донација ќе се обиде да се најде решение за проблемот.

Но, дури и ова да стане реалност, голема е веројатноста повторно да има недостаток на возила, особено поради ненавременото одржување.

За разлика од праксата во Европа, според чии строги правила, во една смена треба да има 15 екипи на Брза Помош, во Скопје има трипати помалку.

Сања Трајковска Ставров