});

Најмалку 150 загинати при серија напади во Сирија

Најмалку 150 лица загинаа, а над 210 се ранети денеска при серија самоубиствени бомбашки напади во реонот на јужниот сириски град Свеида, кој е под контрола на владините сили.

Како што соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, имало најмалку четири бомбашки напади, по кои дошло и до судири меѓу сириските владини сили и напаѓачите.

Одговорност за нападите презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).

– Војници на Калифатот извршија напад врз безбедносни и владини позиции во градот Свеида, се наведува во соопштението на ИД, во кое се додава дека џихадистите убиле над 100 „отпадници“.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, при нападите и судирите загинале над 70 припадници на сириската Армија и околку 30 борци на ИД.

– Ова е најголем биланс на жртви во провинцијата Свеида, се наведува во соопштението на Центарот.

Според непотврдени информации, за време на судирите припадници на ИД успеале да киднапираат најмалку тројца цивили.

Гувернерот на Свеида, Амер ал-Еши изјави дека нападот на џихадистите е одбиен и дека градот „е безбеден и мирен“.

Нападите во Свеида следуваат откако минатата недела сириските владини сили започна воздушни напади врз позиците на милтантната група поврзана со ИД, „Халед Бин Ал Валид“ во јужна Сирија.

ИД и групата „Халед Бин Ал Валид“ и натаму контролираат неколку изолирани подрачја во североисточниот дел на провинцијата Свеида, како и реони во близна на сириско-израелската граница на Голанската Висорамнина.