});

Научници: Климата на Земјата би можела да излезе од контрола

Дури и ако човештвото го намали ослободувањето на гасови со ефект на стаклена градина, како што е предвидено со Парискиот договор, самата планета може да ги попречи човечките напори и засекогаш да се претвори во стаклена градина, велат научници во студија објавена синоќа.

Со такво сценарио, просечната температура на Земјата би можела да биде 4 или 5 степени Целзиусови повисока од прединдустрискиот период, што би било многу повисоко од Договорите за климатски договори во Париз, се наведува во  студијата на магазинот „National Academy of Science“ (PNAS).

Емисиите на штетни гасови веќе ја зголемија просечната температура на Земјата за еден степен, зголемувајќи ја веројатноста и интензитетот на летната жештина, сушите и невреме проследено со бури.

Научниците опишуваат десет аспекти на „Земјиниот систем”, кои сега се неутрални или корисни, но може да бидат фатални во иднина, предизвикувајќи поголеми емисии на јаглерод диоксид и метан во атмосферата отколку сите човекови активности заедно.

Тие вклучуваат процеси, како топење мраз, губење на метански хидрати од дното на океанот, губење на мраз на Арктикот и намалување на Антарктичкиот мраз и поларните ледени капи.

Тоа се пресвртници   поврзани со температурите поради кои ослободувањето на тие гасови ќе биде неизбежно.

– Кога се постигнува критична точка, процесот на реакција е самоодржлив, се вели во студијата во која научниците изразуваат загриженост дека Земјата може да се приближи кон границата за да стане стаклена градина.

Затоплување за 3 степени, на крајот би можело да биде смртна казна за 40 отсто од дождовните шуми на Амазон, според студијата.

Сите овие механизми се меѓусебно поврзани, сметаат авторите на студијата, и секој може да го води другиот.