});

Наскоро почнува вградувањето микрочипови кај домашните миленичиња

Наскоро ќе почне вградувањето на микрочипови кај домашните миленичиња (кучиња и мачки), информира директорот на Агенцијата захрана и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.

– Постапката со набавката на микрочипови е веќе завршена и тие се во магацините на Агенцијата за храна и ветеринарство. Во моментов се склучуваат договорите со ветеринарните друштва што треба да ги аплицираат микрочиповите по што ќе следи нивното распоредување кај сопствениците на домашни миленичиња, рече Атанасов во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Вградувањето на микрочипови кај домашните миленици се спроведува за да се откријата сопствениците на домашниот миленик доколку тој биде напуштен и заловен од шинтерските служби.