});

Мотоциклист повреден во сообраќајка кај Требеништа

Мотоциклист е потешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево-Охрид, пред село Требеништа.

Како што информира МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера во 11:40 часот, а во неа учествувале мотоцикл „Кавасаки“ со скопски регистерски таблици управуван од С.Д. (36) од Скопје и патничко моторно возило „Џип“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ј.(36) од Скопје.

– Во незгодата возачот на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид бил пренесен во болницата „ Аџибадем Систина“ во Скопје, соопшти МВР.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.