});

Маск е подготвен да ја повлече „Тесла“ од берзата во зделка вредна 72 милијарди долари

Елон Маск, извршен директор на „Тесла“, на Твитер објави дека размислува за отстранување на компанијата од берзата. На овој начин тој навести за договор вреден 72 милијарди долари, но не открива од каде би можело да доаѓа финансирањето.

Тоа веднаш ја крена цената на акциите на „Тесла“ за повеќе од 7% и берзата ја прекине трговијата со нив до добивање на повеќе информации.

Повлекувањето би ја ослободило компанијата од постојаното барање од инвеститорите на Волстрит на детали за тоа како е управувана „Тесла“, која „голта“ милијарди долари вложувања при сомневања за тоа дали ќе ги одржи своите ветувања навреме. Така Маск ќе отфрли и доста од финансиските ограничувања за фирмата.

„Размислувам да ја направам „Тесла“ да не биде јавна по цена од 420 долари за акција. Финансирањето е обезбедено“, напиша тој во Твитер и тоа брзо ја подигна цената на акциите до 367.25 долари. При 420 долари, целата компанија ќе чини 72 милијарди долари.

Запрашан дали ваквиот потег „заштедува доста нервози“, Маск возврати со „да“. На прашањето дали би продолжил да раководи со „Тесла“ и потоа, тој возврати со „Без промена“.

Неколку часа подоцна тој даде детали во неговиот блог.

„Прво, уште не е донесена конечна одлука, но основата да го направиме тоа е само за создавање на атмосфера во која „Тесла“ ќе работи најдобро“, напиша Маск.

„Како јавно претпријатие сме подложени на нагли движења во цената на акциите, што може сериозно да го дефокусира секој, кој работи за „Тесла“, за сите акционери“.

Директорот објаснува дека сега е должен да прави извештаи за секој квартал, што го тера раководството да донесува одлуки, добри за конкретен квартал, но спорни на долг рок. Покрај тоа, излегувањето на берзата создаде неколку шпекуланти кои имаат мотив да ја нападнат компанијата. Тој дава пример со друга своја компанија – „СпејсЕкс“, која ја смета за оперативно многу поефикасна и тоа во голема мера се должи на фактот дека не е јавна.

„Кога во иднина „Тесла“ ќе влезе во фаза на побавен и предвидлив раст, најверојатно ќе има смисла да се врати на јавните пазари“.

Потоа Маск набројува што има предвид при излегувањето – секој акционер да има избор да остане во компанијата, или да ги продаде акциите за 420 долари секоја, односно премија од 20% во однос на трошоците за вториот квартал (во моментов е 16% повисока). Вработените на „Тесла“ би си ги задржале акциите и слободата периодично – на секои 6 месеци – да ги продаваат или да реализираат опции со нив. Нема планови за спојување на „Тесла“ и „СпејсЕкс“, ниту за концентрирање на контролата во рацете на Маск.

„Сега поседувам околу 20% од компанијата и немам намера за некаква голема промена, ако се дојде до договор“.

Предлогот за напуштање на берзата конечно ќе биде донесена од страна на акционерите, потсетува тој, но не открива детали или рокови во кои тоа ќе се случи.

Маск би се ослободил од споровите со регулатори, критичари и новинарите од прашањата за тешкотиите со производството, за долгорочната побарувачка на електричните автомобили и за несигурноста околу финансирањето на компанијата.

Начинот да биде прогласена слична идеја за иднината на компанијата која вреди повеќе од 50 милијарди долари е необична, но не е незаконска, се додека инвеститорите бидат известени од која социјална мрежа и кој точно профил во неа ќе добиваат автентична информации.