});

Лопетеги: Модриќ останува во Реал Мадрид

Новиот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, ги отфрли гласините за заминувањето на Лука Модриќ во Интер и соопшти дека хрватскиот фудбалер ќе им се приклучи на тренинзите на осми август.

Лопетеги го повтори ставот на претседателот на клубот, Флорентино Перез, кој рече дека Реал не е заинтересиран за продажба на Модриќ и единствена можност тој да си замине е доколку некој е подготвен да плати 750 милиони евра.

– Мислам дека претседателот беше јасен. Модриќ е одличен играч, а планирано е да се приклучи на тренинзите на осми август, истакна Лопетеги.

Претходно во италијанските медиуми се појавија информации дека хрватскиот фудбалер сака да си замине од Реал и дека наводно неговата сопруга ги остварила контактите со Интер за неговиот трансфер.