});

Лидер: Шекеринска доделила 500.000 на невладина во која членува

Нов скандал во јавноста со доделување државни пари. Порталот Лидер објавува дека Министерството за одбрана доделило грант од половина милион на невладината организација „Евроатлански совет на Македонија“ во која како што пишуваат членува и министерката Радмила Шекеринска.

Парите според документите што ги објавува Лидер биле доделени за извесна „Школа за НАТО“. Но, симптоматично е тоа што доколку се отвори веб страницата на невладината, ќе се види дека во неа членува токму Шекеринска која е избрана и дел од клубот на подржувачи. Дополнително симптоматично е што оваа невладина ја води владин функционер, претседател е Исмет Рамадани, кој е советник на премиерот Заев.

Од министерството за одбрана велат дека министерката Радмила Шекеринска ниту била, ниту е член на невладината организација Евроатлантски совет на Македонија. Паричните средства биле доделени преку Јавен повик и спроведена процедура. Средства добиле девет организации.

Евроатлантскиот совет на Македонија редовно добивал парични средства од Министерството за одбрана во изминатите години и тоа: во 2004 година му биле исплатени 700.000 денари, во 2005 година – 300.000, во 2006 година – 400.000, во 2007 – 100.000, во 2009 – 300.000, во 2010 – 300.000, 2011 – 500.000, во 2012 – 400.000 денари, 2013 – 300.000, 2014 – 290.000, 2015 – 500.000 и во 2016 година – 400.000 денари.