});

Купишта смет кај најзначајните културно историски споменици во Охрид

Кога веќе ништо не е свето, во Охрид доаѓаат туристи со ниско ниво на култира и однесување. Ефтиниот туристички профил на гости без трошка грижа на совест бедно се однесува кон градот-охриѓани ги преплавија социјалните мрежи со фотографии кои сведочат за грдото лице на Охрид, удавен во смет во шпицот на сезоната. Ѓубришта се расфрлаат и на најзначајните цркви и културно исторски споменици. Наутро глетката е очајна.

Каква понуда имаш, такви гости ти доаѓаат, тоа е реалноста за охридскиот туризам-коментираат нашите сограѓани. На овој начин,пред светот не можеме да се сокриеме какви сме.

Директорот на јавното комунално претпријатие Љупчо Грданоски вели дека со дополнителна ангажираност на 35 сезонски работници, неделно собираат во просек по 880 метри кубни пресован комунален отпад, или околу 30-тина комунални возила.
-Јавното претпријатие не може да изрекува казни, додава Граданоски,но општинската комунална инспекција и тоа како може – тој со апел до инспекторите.

Охриѓани предлагаат високи парични казни за несовесните, и поставување на безбедносни камери, па дури и ангажирање на редари. Замеруваат дека ова лето и полициските патроли во ноќните часови ги нема како порано. Отворено пишуваат дека нити надлежните од Завод и музеј нити пак црковните лица не превземаат ништо,не ги боли страмот иако нашето културно историско богатство е прекриено со отпад.

Росица Голабоска