});

Кубанска вечер со „Екос Фламенго“ на Охридско лето

Во Центарот за култура Григор Прличев денеска (6 август) со почеток во 21 часот ќе се одржи кубанска вечер со “Екос Фламенго” во рамките на Европската тура.

Во 1999 групата искусни танчари и музичари на фламенго музика ја создаваат Фламенго компанијата Екос. Основана е во рамките на Танцувачкиот центар во Хавана, Националниот совет за сценски уметности и Министерството за култура на Куба.

Членовите на Екос се танчари со неоспорлив талент, високо техничко ниво, кои се обучувани од најдобрите педагози, танчари, кубански кореографи и најголемите фламенго фигури во светот. Нивните изведби се во вид на т.н. „шоуа“ и досега се имаат појавено во најголемите театри во Хавана и воопшто во Куба, настапувале и на фестивали ширум светот.

Покрај изведувачката дејност, Екос многу често одржува и курсеви и работилници со Фламенго школата во рамките на Фламенго клубот.