});

Криптовалутите изгубија 606 милијарди долари во 2018 година

Колапсот на криптовалутите продолжи и стигна до ново дно денеска, откако американската Комисија за хартии од вредност и берзите ја одложија за септември одлуката дали да одобрат берзанско-тргуван фонд за биткоин, пишува „Bloomberg“.

По вестите, следеа распродажби на криптовалутите, а нивната заедничка пазарна капитализацијата, според страницата Coinmarketcap.com, падна на 230 милијарди долари – најниско ниво од ноември минатата година.

Така од почетокот на 2018 година криптовалутите избришаа околу 606 милијарди долари – или двапати од целата пазарна капитализација на Visa Inc., чиј акции се тргуваат на рекорден врв.

Оптимистите се залагаат за пошироко прифаќање на криптовалутите, потег што ќе ги задржи цените, но регулаторите и бројни институционални инвеститори остануваат на штрек поради загриженоста во врска со безбедноста и пазарните манипулации.

Биткоин поевтини за до 7 проценти до нивоа од 6.393,7 во Лондон, зголемувајќи го падот до 55% за годинава. Рипл избриша 10 проценти, додека Етереум и Лајткоин речиси 4 проценти.

98 од 100 најголеми криптовалути регистрираа пад во последниве 24 часа.