});

Илјадници на протести во Полска против реформи во судството

Неколку илјади луѓе протестираа синоќа во Полска откако претседателот Анджеј Дуда потпиша законска мерка што и овозможува на Владата да избере претседател на Врховниот суд.

Европската унија, организации за човекови права и опозицијата во Полска велат дека законодавството и другите промени шти ги сакаат од владејачката партија ја поткопуваат независноста на правдата и демократијата.

Демонстрантите се собраа пред претседателската палата во Варшава и извикуваа „Срамота“ и кршеа моливи. Демонстрации имаше и во повеќе од 20 градови ширум Полска.

Откако е таа партија на власт од 2015 година, десетици судии се исфрлени од Уставниот суд, Државниот судски совет и сега од Врховниот суд.

Во јули 22 судии од Врховниот суд беа присилени да заминат во предвремена пензија, но главниот судија Малгорзата Герсдорф одби нагласувајќи дека неговиот уставен рок е до 2020 година.

ЕК спроведува истрага што може да предизвика одземање гласачко право на Полска во Унијата. Отворени се и неколку судски спорови со Полска меѓу кои и против Врховниот суд. Владејачката Партија на правото и правдата тврди дека е потребна реформа на судовите за да бидат поефикасни.