});

За Филипче мали се шансите за одговорност поради смртта на родилките

Министерот за здравство Венко Филипче, после неколку месечни најави и откажување заради презафатеност,  денеска конечно ја посети Клиничката болница во Битола, втора по големина после Државните клиники во Скопје. На средбата со новинарите, запрашан за проблемите со новороденичката смртност и смртноста на родилките која е зачестена појава во целата држава, рече дека смртноста на новороденчината е намалена споредено со лани, подготвен е Акциски план и преземени се кадровски доекипирања во сите болнички центри со лекари, сестри и друг персонал. Сепак, за смртноста на родилките, барем засега не се нуди решение, ниту е утврдена вина, а според неговата денешна изјава, иако постапката за испитување  е во тек, мали се шансите да се преземе некаква одговорност.

За среќа, барем засега вакви појави во Битолската клиничка болница нема, а добриот абер е што наскоро битолските пациенти за магнетна резонаца, наместо по месец  дена чекање, ќе бидат закажувани во рок од 24 часа.

 

Петар Стефановски