});

За среќен и исполнет живот без стрес: Експертите откриваат од кои навики треба да се ослободите

Од разни причини толерираме некои лоши навики кои ни наштетуваат. Ги трошиме енергијата и времето на лоши луѓе, односи, одлуки… Сепак, доколку сакате да имате среќен и здрав живот, би требало да им кажете „не“ на некои луѓе и врски. Дознајте кои се навиките што среќните луѓе не ги толерираат…

1. Лоши врски

Престанете да трошите време на погрешни луѓе. Не ви се потребни во животот оние кои не ве поддржуваат, не ви помагаат и не ве сакаат. Тоа се сите оние луѓе во чие присуство не се чувствувате добро во врска со самите себе.

2. Лажење

Што и да планирате да направите, потребен ви е еден, основен и прв чекор: да бидете искрени кон себе.

3. Живот во минатото

Не можете да отворите ново поглавје во животот, ако со себе го влечете старото.

4. Перфекционизам

Ако се обидувате да бидете совршени, само ќе бидете уште пофрустрирани. Реалниот свет не го наградува совршенството, ги наградува луѓето кои работат онака како што умеат и ги исполнуваат своите ветувања.

5. Живот во стравови

Ако се плашите дека ќе направите грешка, никогаш нема да успеете. Подобро е да направите нешто и да погрешите отколку да не правите ништо. На тој начин ќе им дозволите на стравовите да ве обземат и нема да постигнете ништо во животот. Секоја успешна приказна се состои од падови и грешки.

6. Саботажи

Немојте да се омаловажувате себеси. На крајот на краиштата, постојат многу луѓе што ќе го направат тоа наместо вас. Ценете се себеси за да ве ценат и другите. Бидете реални, критични до здрава мера, но знајте и кога треба да се бодрите и тешите самите себе.

7. Љубомора

Не треба да им завидувате на другите, ниту да се споредувате со нив, бидејќи никогаш не можете да знаете што се крие во позадината на нечиј успех или победа. Не знаете што сè и’ било потребно на таа личност и од што сè се откажала за биде таму каде што е. Но знаете за себе. Споредувајте се себеси со личноста која сте биле пред неколку месеци или години. Ако постои напредок, тоа е единственото позитивно мерило. Сè останато е илузија.