});

За норвешкиот амбасадор – споменикот на Џемо Хаса е сериозен предизвик за Македонија

За норвешкиот амбасадор Арне Санес Бјорнштад, поставувањето на статуа на албанскиот злосторник Џемо Хаса во селото Симница гостиварско, било предизвик за Македонија и нејзината иднина. Алфа денеска го праша амбасадорот кој беше заедно со вицепремиерот Бујар Османи, дали разговарале на оваа тема, но тој рече дека не стигнале да направат муабет за тоа прашање, додека вицепремиерот срамежливо се смешкаше.

Колку за потсетување, во селото Симница, гостиварско, во 2006 година споменик му е подигнат на соработникот на нацистичките окупациони власти во Македонија во втората светска војна Џемо Хаса, а една од главните улици во Гостивар го носи токму неговото име.

Во меѓувреме, австралискиот новинар со македонско потекло Саша Узунов објави дека норвешкиот амбасадор во Белград, Скопје и Подгорица – ќе го истражувал случајот на Албанци соработници на нацистичките власти од втората светска војна за кои се подигнати споменици во Западниот дел на Македонија.

Норвешкиот амбасадор најавил дека ќе ги истражи овие случаи и за нив ќе разговарал со македонските власти.

Бјорјншатад денеска немал време за тоа, иако ја разбира загриженоста на Узунов според која нацистички статуи се навредлив гест за Македонците, Евреите, па дури и за антифашистите Албанци.

 

Борис Грујоски