});

Забранет влез на историчар во Грција – ја бранел Македонија во јавноста

Дали македонските историчари се закана за Грција? Дали нивен единствен грев за што тие се со “етикета” непожелни за влез  кај нашиот јужен сосед, е нивното творештво за горкото македонско-грчко прашање?

За професорот од Институтот за национална историја , Димитар Љоровски Вамваковски продолжува да важи црниот печат. Смета дека една од причините за ваквите дискриминирачки постапки за одредени македонски граѓани, на грчките власти е најверојатно нивните дела за деценискиот спор.

Вамваковски не е првиот историчар кој добил ваква забрана, вели дека има уште неколкумина историчари кои се соочуваат со ваквиот проблем. Додава дека и неговата мајка која исто така се занимавала со македонско-грчкото прашање  во 90тите години, имала црн печат.

Професорот смета дека македонските институции, особено министерството за надворешни работи треба да реагира за ваквите случаи и да изнајде решение доколку е возможно да се тргнат ваквите забрани, вели дека има забрана вкупно 9 години да не смее да влезе во Грција, што е редок случај и за тешки кривични дела, а во оваа ситуација тој нема направено ништо незаконско.

Во грчкиот документ издаден кој му е издаден на Љоровски стои дека тој е непожелен за влез во земјата и дека неговото име се наоѓа во националниот регистар за непожелни лица.  Ова е негова втора забрана за влез во Грција, првата траела од 2012тата до 8јули 2018та година, каде по неколку дена повторно е продолжена без да му се објасни на историчарот кој грчки закон го прекршил ниту која процедура може да ја искористи за да му биде симната забраната за влез. Останува отворено прашањето ако вака македоснките историчари добиваат забрани за влез во Грција,најверојатно заради нивите ставови и творештва, кои би биле македонските историчари кои би ја сочинувале македонско грчката комисија за челшање на историјата .

 

Мери Ѓорѓиевска