});

Жолти лубеници, јадење на кората: 6 интересни факти за лубеницата

Лубеницата е едно од најомилените и најздравите овошја што може да ги консумираме во текот на летото.

Во себе, овој голем плод крие сочна и блага внатрешност, која освен што освежува и ве снабдува со доволно течности, е богата и со многу хранливи состојки.

Лубеницата припаѓа на истата фамилија како и краставицата, тиквата и тиквичките. Денеска се одгледуваат над 300 видови низ целиот свет.

Прочитајте ги овие факти за лубениците, некои можеби и ќе ве изненадат:

1. Лубеницата има повеќе ликопен од свежиот домат

Ликопенот е антиоксидансот кој им дава црвена боја на овошјата или зеленчуците. Најчесто го поврзуваме со доматите, но всушност е поконцентриран во лубеницата.

Споредено во еднаква количина, лубеницата има 1,5 пати повеќе ликопен. Oвој антиоксиданс е еден од најмоќните во светот, кој истовремено го чува видот, но и штити од канцерогени заболувања.

2. Сокот од лубеница го смирува грчењeто во мускулите

Исцедете го сокот од околу 1/3 лубеница со средна големина и испијте го пред следниот тренинг. Активните состојки ќе ги заштитат мускулите од непријатни грчења.

Но, внимавајте. Исцедениот сок има поголема концентрација шеќер отколку целото парче, но со оглед на тоа што тешко можете да изедете една третина лубеница, сокот консумирајте го исклучиво пред тренинзите. Во остатокот од времето јадете ја лубеницата исечена на парчиња.

3. Лубеницата е и овошје и зеленчук

Лубеницата е блага и има семки, но припаѓа на фамилијата на краставици и тикви. Исто така, нејзината кора може да се јаде, а како, прочитајте во следната точка.

4. Можете да ги јадете корите и семките

Речиси сите луѓе го избегнуваат белиот дел од кората на лубениците и ги исплукуваат семките. Вистината е дека лубеницата е целосно јадлива иако кората нема ни приближно благ вкус како сочната внатрешност.

На пример, можете да направите смути од парче од кора од лубеница и сок од лимон. Ваквиот пијалак содржи хлорофил и аминокиселини. Од белиот дел на кората може да се направи вкусно слатко.

Црните семки од лубеницата освен што можете да ги јадете, се и многу здрави и корисни, бидејќи содржат железо, протеини и растителни влакна.

5. Лубеницата во најголем дел е вода

Иако ова не е нешто непознато, сепак е интересен факт. Всушност, во текот на летото, со само неколку парчиња лубеница, ќе го спречите дехидрирањето на телото, но и ќе внесете хранливи материи, нешто што не можете да го направите само со чаша вода.

6. Некои лубеници се жолти

Постојат неколку вида лубеници кои имаат жолта срцевина и сличен, но малку поблаг и поинтензивен вкус од популарната црвенкасто-розова лубеница. Хранливите вредности се речиси исти, разликата е само во нијансите на вкусот и надворешниот изглед.

Бонус совет: пред или 30 минути по главниот оброк. Најдобро би било да ја јадете како ужинка.