});

Дијаспората се регистрира за референдумот

Иако референдумската кампања не е официјално започната, пораките за бојкот  и за излегување на референдумското изјаснување се се почести. Интерент движењето #бојкотирам објави посебно упатство за дијаспората.

За разлика од гласачите во Македонија од кои се бара на 30 септември да не излезат на референдум од дијаспората се бара да се пријават за гласање бидејќи со зголемување на регистрираните гласачи во дијаспората се крева и вкупниот број гласачи за остварен цензус.

“Искористи ја шансата. Биди дел од борбата. Растури им ја играта на властољубците. Ова е и твоја борба, наметни твои правила. ПРИЈАВИ СЕ ВО ИЗБИРАЧКИ СПИСОК. Дигни го цензусот. Чекај го денот. Дома, со пријателите, на ајваријада. #Бојкотирам креативност на твој начин”, пишува во прогласот на движењето до дијаспората.

Доколку на сегашните 1 милион 813 илјади гласачи во Македонија за кои цензусот е околу 910 илјади гласови, се додадат уште околу 60 илјади гласачи од дијаспората кои редовно се регистрираат тогаш цензусот може да скокне на 940 илјади, се надеваат од# Бојкотирам.

На денешната трета седница на Државната изборна комисија истакнаа дека до денеска околу пладне 158 иселеници се пријавиле за изјаснување на референдумот за името во ДКП.

Од ДИК истакнаа дека се врши и јавен  увид во Избирачкиот список во подрачните единици на ДИК и на целата земја , а проверка направиле 213 граѓани, а во континуитет тоа се прави и електронски преку веб страната на Комисијата.

Во меѓувреме министерот за дијаспора Едмонд Адеми со изјава дека ова е време на одлука и дека гласот на секој поединец  одлучува за иднината на земјата и дека граѓаните имаат одговорност за правила одлука, ги повика македонците од дијаспората да  се пријават за остварување на гласачкото право на референдумот.  Иако министерот не е дел од Собранието кое е предлагач на референдумот сепак се одлучи да даде јавен повик за дијаспората своето гласачко право да го даде во дипломатско-конзуларни претставништа на Република Македонија во светот.

Мери Ѓорѓиевска