});

Десет лица полесно повредени, а едно потешко во 14 сообраќајки во Скопје

Десет лица се полесно повредени, а едно се здобило со тешки телесни повреди во 14 сообраќајни несреќи евидентирани на подрачјето на СВР Скопје во изминатото деноноќие.

Од сообраќајките шест биле со причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција санкционирала 24 возачи за пречекорување на пропишаната брзина, исклучени се 23 возачи од сообраќај, од кои 19 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, едно лице било под дејство на алкохол, а тројца биле возачи почетници. Од сообраќај биле исклучени и 14 нерегистрирани возила.

Изречени се 97 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ кренал 59 возила.