});

Демирхисарци ја упатија традиционалната порака за мир

Во чест на сите жртви од трагичниот настан во воените премрежиња и нуклеарниот удар што се случи пред 73 години во јапонскиот град Нагасаки, жителите на Демирхисарскиот крај, од мостот на реката Црна во шише денеска ја испратија својата традиционална порака за мир за никогаш повеќе да не се употребува нуклеарно оружје. Со мотото “Мирот е најголемата придобивка на човештвото“ како највозвишена задача на ООН да го зачуваат, преку водите на Еригон, Брсјаците симболично го искажаа нашиот стремеж кон интегративните процеси.

– Денеска кога се навршуваат 73 години од од пуштањето на нуклеарната бомба во Нагасаки, ја пуштаме оваа порака за мир и апел против нуклеарноот оружје. Оваа манифестација е традиционална и секоја година од ова место ја испраќаме пораката за мир и преку водите на реката Црна да стигне во Егејот, потоа во сите мориња и океани и така да го пренесе тој наш глас на мирот и апел до сите во светот за да престане натпреварот со нуклеарното оружје, а посебно да не се употребува во рушење на човечки животи и материјални добра – рече ликовниот ументик и филантроп, Живко Поповски Цветин.

Денешната манифестација ја организираа македонското здружение за обичаи, традиција и култура “Гороцвет“ од Скопје и Општината Демир Хисар. Големиот филантроп Живко Поповски Цветин кој претходно од Македонија беше номиниран за Нобеловата награда за мир , традиционално како ликовен изблик, на присутните им ги подари своите Цвеќиња на мирот.

Петар Стефановски