});

Дачиќ: Јас не ја отворив Пандорината кутија за разграничување со Косово

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека не е тој кој ја отворил „Пандорината кутија“ говорејќи за разграничувањето со Косово. Тој додаде дека кога е прогласена независноста на Косово, требало да се прогласи независност и за Република Српска (БиХ), како и да за својот став за поделбата на Косово говорел десетина години.

– Тоа јас го кажав и тоа е мое мислење. Тоа не е предлог на мојата партија, ниту на српската Влада.Тоа го кажувам детина години, јас поаѓав од практично решение. Ваквото решение е брзо можно, бидејќи нема преселба на народите, кажа Дачиќ гостувајќи на ТВ Прва.

Тој додаде дека за ова разговарал и со Добрица Ќосиќ, кој му кажал дека за ова зборувал и со Слободан Милошевиќ и со Зоран Ѓинѓиќ.

„Ѓинѓиќ говореше дека имаме две можности-конфедерација, а ако ништо не можеме, тогаш имаме поделба….“-кажа Дачиќ.

Тој додаде дека за внатрешниот дијалог што го има отворено претседателот Александар Вучиќ, нема чуено ниеден друг предлог.

„Говорев за разграничувањето, но не употребив термин поделба. Не говорев ниту за кои територии станува збор. Прашајте го народот во северно Косово што мислат за ова. А Србите во енклавите во јужно Косово, каде тие припаѓаат? Според нашиот устав тие припаѓаат на српската покраина, а каде е сето тоа во реалниот живот? Тој што живее во енклава, одамна престанал да мисли дека тоа е составен дел на Србија“-изјави Дачиќ.

Тој посочи дека не гледа подготвеност на Приштина за компромис, истакнувајќи да и тие „имаат некои ограничувања и морање“, но додаде и дека не гледа подобро време за решавање на Косовското прашање и да во наредните неколку месеци ќе се интензивираат разговорите за пронаоѓање на трајно решение за статусот на Косово поради две причини-

„Првата причина е потребата да се дојде до компромис и да не се задржува оваа тема со децении, а втората е истекнувањето на мандатот на високата преставничка за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини која ќе мора да оди на избори. Тоа значи дека ќе се интензивира непосредниот дијалог меѓу Белград и Приштина, но и да не постои решение без согласност на големите сили“изјави Дачиќ.

Кога се во прашање САД, тој посочи дека нивната позиција се изменила и дека се подготвени да слушаат за комромис и за креативно решение, додавјќи дека поминува со часови работејќи на тоа да одврати по некоја земја од признавањето на Косово.