});

Граѓаните летово во заложништво на комарците

Граѓаните од истокот летово во заложништво на комарците. Велат дека е невозможно во вечерните часови да се излезе на прошетка или пак да се отворат прозорците без да користат заштитни средства.. Бараат грдоначалниците да го решат проблемот, бидејки земното прскање кое се практикува,е само бесцелно трошење на општинските пари.

Дека комраците се проблем на општините во регионот признаваат и градоначалниците. Најалармантно е во Кочани кој поради оризовите полиња е најпогоден од досадните инсекти. Без заеднича стратегија со која ќе бидат опфатени сите општини од регионот, се покажа дека досегашните акции не ги дават очекуваните ефекти.

Дел од општините во регионот се со блокирани сметки и не можат да си ги подмират долговите, затоа е потребно во борбата со комарците да се вклучи и централната власт.

Непрофесионалниот пристап кон уништувањето на комарците може да биде причина за пренесување на многу заразни болести. И додека градоачалниците чекат Владата да им излезе во пресрет ,граѓаните ќе се снаогаат како знаат и умеат.

 

Александра Ристевска