});

ГРАД СКОПЈЕ: Граѓаните се збунети, против комарци се прска тивко, нечујно

„Против комарци се прска, но граѓаните не забележуваат, оти сега се користат авиони кои не бучат“, ваков коментар со образложение за активностите за дезинсекција од комарци, на социјалните мрежи упати еден од гласноговорниците на Град Скопје, Ваљон Салиху, по поплаките од граѓаните дека немаат мир од инсектите.

-Деновиве гледам дека голем број од граѓаните не се соодветно информирани во врска со активностите кои ги има спроведено градот во врска со прскањето против комарци. Процедурите и користеното средство се тие истите како и до сега. Новитет ова година се авионите кои не бучат како тие претходните, и претпоставувам дека тука е и збунката зошто луѓето мислат дека не се прска, пишува Салиху.

Прскањето против инсектите доста задоцни, а го одложија заглавените тендерски процедури, поради сомнение дека набавените препарати се штетни за граѓаните. Првата дезинсекција се спроведе во јуни.

Поставување на заштитни мрежи на врати и прозорци и употреба на средства за заштита од убоди на комарци се само дел од мерките што граѓаните можат да ги преземат за да се заштитат од овие инсекти.

Сања Трајковска Ставров