});

ВМРО-ДПМНЕ: Иднината се гради со дела, а не со продавање на националните и државни интереси

Генерации Македонци не ги жалеа сопствените животи, борејќи се да ни го остават ова што го имаме денес, слободна и независна Република Македонија.

Веројатно и за нив ќе било полесно да прифаќале капитулации и да тргувале со најсветите македонски национални интереси. Сигурно и тие можеле дебело да го наплатат откажувањето од името Република Македонија, а би собрале и пофалби доколку се откажеле од македонската историја, традиција и култура, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие можеле, но не помислувале да го сторат тоа бидејќи Македонија им била пред се и над се во животот.

Зоран Заев повторно ја лаже јавноста за штетниот и капитулантски договор со Грција. Тој дури и на големиот празник Илинден без срам и перде ја погази жртвата на илјадниците македонски херои кои ги положија своите животи за слободна и независна Македонија. Зборува за македонска историја, а потпишува дека комисиски ќе ја ревидира. Зборува за македонскиот идентитет, а се согласува да го менува. Зборува за македонски јазик, а го сведува на уставна категорија со дообјаснување, а не како реалност признаена од светот пред неколку децении. Зборува за иднина на Република Македонија, а планира да го промени името во Северна Македонија за ерга омнес.

Зоран Заев нема образ.

Само пред месец дена се колнеше во Илинденска Македонија. Само пред година дена се колнеше во своите деца и предци дека нема да го промени уставното име, кое прифати да го избрише,велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Што ли да очекуваме сега, кога се колне во АСНОМ и Илинденското востание?

Слободата и човечките правдини биле идеалот на Илинден и во 1903 и во 1944 година. Илинденците чија што борба е за човечки правдини се бореле токму против луѓе со карактерни особини како Зоран Заев и истите биле ставани на столбот на страмот

Иднината на овој народ се гради со дела, со многу труд, реформи и работа, а не со продавање на националните и државни интереси. Европа е семејство на рамноправни народи и држави, на партнери со достоинство и меѓусебно почитување. Во Европа се почитуваат вредностите на демократијата, човечките права и правото и ние веруваме и се залагаме за тоа. За жал криминалниот картел на власт во Македонија тоа не го разбира и ја злоупотребува Европа за да гази по Уставот и законите кои се основа на правото, да прогонува и да и се заканува на својот народ, да ја крши кичмата и да го гази достоинството на Република Македонија. Зоран Заев ниту е лицето на Европа во Македонија, ниту ги преставува европските вредности, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.