});

ВМРО – ДПМНЕ: Власта ги задолжува граѓаните, а не реализира ниту еден проект

Трендот на задолжување не само што ќе продолжи туку и ќе го набилда јавниот долг над 50% од БДП. Ова е предвидено и во фискалната стратегија на власта која од позиција на опозиција овој процес силно го критикуваше. Но сега од позиција на власт се однесува поинаку. Но затоа пак сегашната опозиција бара таа да престане со расипничкото однесување и неразумното задолжување. ВМРО ДПМНЕ предупредува дека во последните три месеци јавниот долг се зголемил за 54, а државниот за 29 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта не реализирала ниту еден проект, немало нови автопати, училишта, нови градинки, нови студентски домови, нови болници, повисоки субвенции за земјоделците, повисоки пензии, повисоки плати, односно немало ништо од тоа што ветуваа СДСМ во пред изборите.

„На крајот од денот, сите сфатија дека СДСМ, Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Венко Филипче и останатите дојдоа на власт и седнаа во фотелјите единствено да уништуваат и да прават сомнителни зделки каде што бенефит имаат нивните приватни фирми, а штетата ја трпат државата и ние граѓаните. Освен вртоглави задолжувања, делење пари и сомнителни тендери на нивни лични и блиски фирми на СДСМ, ништо друго не видоа граѓаните од нив изминативе година дена. Граѓаните единствено трпат штета на свој личен грб. ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да престане со расипничкото однесување и неразумните задолжувања. ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да се откаже од намерите предвидени од фискалната стратегија со која што државниот и јавниот долг би отишле над 50% од БДП“ – вели Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.