});

ВМРО ДПМНЕ: Судот штанца пресуди по наредба на Заев, до ОЈО не допира глас

Македонија е заробена држава. Единствена во демократска Европа која во 21 век се уште во своите затвори има политички затвореници. Обвинителството се претвори во партиска испостава на СДСМ, која служи за монтирање на обвиненија против политичките неистомисленици на Зоран Заев и СДСМ, обвинува ВМРО ДПМНЕ. В последното соопштение од партијата нагласуваат дека Судот пак штанца пресуди за политички монтирани случаи, по директиви од Заев со цел тој да се пресмета со оние кои се гласни во борбата против неговите антидржавни политики.
-До обвинителството не допира гласот на јавноста за обидот за грабеж на 45 милиони евра државни пари преку разни криминални тендери и грантови кои служеа за исплата на партиските послушници на СДСМ, но затоа допира гласот на Зоран Заев и нарачката за прогон на неговите неистомисленици. До ОЈО не допре ниту случајот со злоупотребата на службена должност кога министерката за одбрана Радмила Шекеринска додели грант од половина милион денари во невладина организација каде членува и таа самата. Распродажбата на државните и националните интереси нема да ги спаси државни функционери на СДСМ кои се огрешиле пред законот да одговараат според членот 353 од Кривичниот законик за злоупотребата на службена должност заради сите криминални набавки, сомнителни тендери и доделени грантови по партиски клуч, се вели во соопштението од партијата.
Додаваат дека промената на името, идентитетот, јазикот и откажувањето од Македонците во соседството нема да го реши проблемот со клептоманството на функционерите на СДСМ.