});

„Бојкотирам“ со контракампања на владините „факти за договорот“

„За“ и „против“ референдумот. Владата и движењето „Бојкотирам“ со свои факти за „преспанскиот“ договор.
Според „владините“, договорот за решавање на македонско – грчкиот спор за името е историски најдобра и фер шанса за граѓаните. Со него, според Владата, заштитени се македонскиот идентитет и јазик, а државјанството е македонско. Како придобивки со постигнувањето на Договорот, од Владата ги истакнуваат поканата за членство во НАТО и добивањето на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Од друга страна, фактите на движењето „Бојкотирам“ го говорат спротивното. Договорот од Преспа, според „Бојкотирам“ е наметнат обид за самонегирање, со него се брише македонскиот идентитет и јазик, а со бојкотирање на референдумот би се запечатила судбината на политичките партии кои вршат предавство.

Владата и движењето „Бојкотирам“ ја старуваа неформалната кампања за референдумското изјаснување чии прашање е манипулативно, вели универзитетскиот професор Илија Ацевски.

Според Ацевски, движењето „Бојкотирам“, на некој начин, ја пополнува празнината која се јавува поради недостиг на официјална кампања.

Референдумот кој налага одговор на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“ треба да се одржи на 30 септември.

Сања Трајковска Ставров