});

Анџелина Џоли не престанува со обвинувањата и заканите: Го пријавила Бред поради неплатена алиментација!

Поминаа две години откако Анџелина Џоли покрена бракоразводна парница, но крајот сè уште не се гледа, бидејќи поранешните сопружници мораат прво да ја решат најважната работа: да се договорат околу старателството на децата. Холивудската актерка е толку бесна на Бред Пит што го обвинила на суд дека не плаќа алиментација за нивните шест деца.

Адвокатите на 43-годишната актерката му предале на судот документи во кои се тврди дека 54-годишниот актер веќе 18 месеци не платил алиментација, но извори блиски на Пит тврдат дека тие наводи се лажни и дека тој досега има исплатено милиони долари за децата.

„Плати многу повеќе одошто кој било судија би наредил. Таа е толку бесна на Бред што не сака ни под разно да има заедничко старателство на децата“, открил извор близок на актерот и додал дека таа со сите сили се обидува да го уништи неговиот добар однос со децата.

Се чини дека нејзиното однесување станало загрижувачко, бидејќи сè погласно се зборува за тоа дека нејзината адвокатка Лаура Васер не може веќе да соработува со неа.