});

Алфа во Љубанци: Шок и неверување по веста дека Илија е ликвидиран во Авганистан

Љубанци завиено во црно. Скопското село кое се наоѓа на само неколку киломентри од центарот на Скопје, во тага и неверување, го загубија својот пријател, сосед, брат ,Илија Мерџановски кој беше свирепо убиен на неговиот именден во Авганистан. Солзи во очите, трепет во гласот и болка во срцата можеше да се забележи кај мешаните од  Љубанци каде тишината и празните улиците надвиснаа над селото како темен облак кој лее солзи.

За Иле како што го нарекувале соселаните, сите имаа само убави зборови. Го опишуваа како чесен,вреден, фамилијарен човек кој зад себе оставил млада сопруга и две дечиња. Соседите со неверување за вестта за смртта на Мерџановски, велат дека ваквата трагедија го потресла цело село, од најмал до највозрасен.

Од МНР засега нема официјална потврда за смртта на македонскито државјанин кој беше убиен во Авганистан.

Таман се среди, се му тргна на поарно, отвори рибник сите одевме таму на прослави и ручеци, замина пак во Авганистан за да спечали да го досреди ресторанчето, тоа му беше сон, истакна една девојка од дваесетина години која не сакаше да зборува пред камерата на Алфа.

Според изјавите на љубанчани, Илија неколку пати бил во Авганистан, а последната мисија која остана недовршена ја започнал пред три месеци.

Мештаните велат немаштијата ги тера луѓето да си заминат од овде, за да заработат и да ги ги остварат соновите, но судбината чудно си поигрува со човечките животи.

Според авганистанската полиција, македонскиот државјанин патувал на работа со локален шофер. Заедно со неговите колеги биле киднапирани во периферијата на Кабул, а подоцна телата им се пронајдени во автомобил оставен во областа Мусаши.

Тие најпрво биле киднапирани од нивниот автомобил на пат за аеродром и убиени. За авганистанската полиција ова е терористички чин. Но досега ниту една терористичка група не прифати одговорност за нападот и за убиствата.

 

Мери Ѓорѓиевска