});

Автомобил излетал од обиколницата кај Стајковци и удрил во бетонска ограда

Патничко моторно возило „Хонда сивик“ со скопски регистерски таблици управувано од Д.Г.(19) од Скопје синоќа околу 22:00 часот излетало од патот на обиколница кај село Стајковци и удрило во метален браник и бетонска ограда.

Како што информира МВР, по незгодата со возило на Итна медицинска помош возачот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.